„Гугл инкорпореjтед“, сопственикот на популарната алатка за Интернет-пребарување „Гугл“, развива сопствен комјутерски оперативен систем во директен обид да го освои пазарот на кој долго време доминира софтверскиот гигант - корпорацијата „Мајкрософт“.
„Гугл“ ова го соопшти на својата Интернет-страница. Софтверот ќе се базира на Интернет-пребарувачот „Кроум“ и ќе стане достапен за јавноста во втората половина на 2010-та година. „Гугл“ додава и дека оперативниот систем првично ќе биде дизајниран за поевтините „лаптоп“ комјутери наречени „нетбукс“. Според компанијата, главните особини на оперативниот систем ќе бидат брзина, едноставност и безбедност.
Чекорот дополнително ја интензивира конкурентноста на „Гугл“ со „Мајкрософт“, чиј оперативен систем „Виндоус“ во моментов се користи во околу 90 проценти од комјутерите ширум светот.