Линкови за пристапност

Конгресен извештај:  клучни пропусти во обезбедувањето на владините објекти


Американски тајни агенти успеале неоткриени низ детектори и обезбедување во 10 владини згради да внесат материјали за изработка на бомби, стои во конгресен извештај. Акцијата била дел од проверката на безбедноста во владините објекти, а ја извршила Владината канцеларија за одговорност – конгресен огранок што се бави со истраги. Агентите материјалот го внеле во актовки, по што ги составиле бомбите, а потоа излегле од зградите без никој да ги спречи.

Канцеларијата вели дека открила голема слабост во услугите на Федералната служба за заштита, која е одговорна за безбедноста на околу 9.000 владини објекти ширум САД. Материјалите за бомби непречено биле внесени во канцеларии на пратеници во Конгресот, во Одделот за домашна безбедност, за правда, како и во Стејт департментот.

Канцеларијата го претстави извештајот на надлежна сенатска комисија. Преседавачот на комисијата, сенаторот Џозеф Либерман, рече дека наодите се шокантни и дека нема оправдание.

XS
SM
MD
LG