Линкови за пристапност

Збогум на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон


Музика, солзи и аплаузи ја одбележаа последната почит кон, како што сакаше да го нарекуваат, Кралот на поп-музиката.

Мајкл Џексон највеќе од се` сакаше да дава љубов, и, можеби, да прими љубов, рече Луциус Смит, свештеникот на семејството Џексон на церемонијата во спортската арена Стејплс.

Крај златниот ковчег, серија ѕвезди исполнија некои од нумерите кои Џексон го вивнаа во светот на славните.

Основачот на „Мотаун рекордс" Бери Горди ја лансираше кариерата на популарниот Џеко. „Крал на поп-музиката не е доволно. Тој е најголемиот забавувач воопшто"

Познатите споделија лични искуства за Џексон.

„Неговата насмевка беше најслатката и најискрена.
Тој имаше огромно влијание во нашите животи и ширум светот".

Од името на спортскиот свет, збогум кажаа Коби Брајант и Меџик Џонсон.

Сакам да му се заблагодарам што отвори толку многу можности за афро-Американците во медиумите" рече Меџик.

Мајката на Џексон, Катрин, седеше до неговите три деца. Отецот и активист Ал Шарптон понуди утеха:

„Сакам неговите три деца да знаат - немаше ништо чудно во врска со вашиот тато. Чудно беше она со што тато мораше да се справува."

Во име на семејството, братот на Мајкл, Џермејн, ја исполни неговата омилена песна, класична нумера на Чарли Чаплин.

Не беше заборавен и хуманитарниот придонес на Мајкл Џексон: семејството и пријателите заедно ја отпеја – Ние сме светот, за помош на гладните во Африка, на која тој беше коавтор.



XS
SM
MD
LG