Линкови за пристапност

Започна Самитот на Г-8 во Италија


Државниците од Г-8 со работен ручек го започнаа тридневиот Самит во Централна Италија на кој се очекува да доминираат глобалната економија, климатските промени, ширењето на нуклеарното оружје и гладта во светот. Тие се среќаваат во Лаквила, каде во силен земјотрес загинаа речиси 300 лица.

Советникот за економски прашања на Обама, Мајкл Фроман рече дека лидерите на Г-8 најверојатно ќе постигнат баланс меѓу тоа да се обезбеди економијата да продолжи да расте, и да се намали трошењето на одржливо ниво.

Се очекува тие да разговараат и за трговијата, помошта на замјите во развој, политичките кризи во Иран и Хондурас, како и етичкото насилство во кинескиот регион Ксингџијанг.

XS
SM
MD
LG