Илајдници обожаватели на Џексон се собраа во спортската арена „Стејплс“, за да му оддадат последна почит на кралот на поп-музиката.
Јавната комеморација по повод смртта на Мајкл Џексон започна со читањето на коментари на пријатели на музичката ѕвезда, вклучувајќи го и поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела.
Златниот ковчег со телото на Џексон беше поставен пред сцената во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес.
На настанот почит на Мајкл Џексон меѓу многубројните познати личности, му оддаде и Квин Латифа, нарекувајќи го „најголемата ѕвезда на Земјата“ и човек со глобално влијание.
Бери Горди, основачот на „Мотаун рекордс“, изјави дека Џексон „еднаставно беше досега најголемиот уметник“. Меѓу изведувачите кои со своите нумери му оддадоа последан почит на кралот на поп-музиката, беа и Мараја Кери и Стиви Вондер.
Семејство Џексон најпрвин одржа приватна церемонија на гробиштата во Холивуд, каде се погребани бројни славни личности.
На лотаријата преку Интернет за добивање на речиси 9.000 бесплатни влезници за комеморацијата се пријавиле дури 1,6 милиони обожаватели. Оние кои не добија билети, можеа да ја проследат церемонијата однадвор, на големи платна, инаку пренесувана во живо на десетици ТВ-мрежи и Интернет, како и во 50 кино-сали ширум САД. Во меѓувреме, пред арената се собраа стотици илјади лица за последна почит кон популарниот Мајкл.