Линкови за пристапност

Средба на Хилари Клинтон со сменетиот претседател на Хондурас, Мануел Зилаја


Сменетиот претседател на Хондурас Мануел Зилаја се среќава со американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Вашингтон во време кога продолжува во обезбедување меѓународна поддршка за негово враќање на власт.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека обајцата ќе се сретнат во текот на денот во канцеларијата на Клинтон. Не е дозволено присуство на новинари за време на средбата.

Ова е средба на највисоко ниво меѓу Зилаја и администрацијата на претседателот Обама откако принудно беше набркан од Хондурас по воениот удар на 28-ми јуни.

Минатата недела, хондураскиот претседател се сретна со заменикот државен секретар Том Шенон.

За време на говорот во Москва претходно денеска, американскиот претседател Барак Обама отворено го поддржа Зилаја и покрај, како што кажа, силното опонирање на американската политика од страна на хондураскиот претседател.
Преодната влада на Хондурас предводена од Роберто Мичелити испрати делегација во Вашингтон со цел да ги убеди американските официјални лица дека смената на Зилаја е легална.

XS
SM
MD
LG