Линкови за пристапност

Иранската опозиција повикува на ослободување на затворениците


Иранските реформистички лидери ги повикуваат властите да ги ослободат сите лица притворени за време на немирите што уследија по минатомесечните спорни претседателски избори.

Ова го предложија поразените претседателски кандидати Мир Хусеин Мусави и Махди Каруби, како и поранешниот претседател Мухамед Катами по синоќешната средба.

Во заедничкото соопштение тројцата лидери ги повикаа властите да стават крај на суровите мерки на задушување на демонстрациите.

Иранската полиција уапси преку 1.000 реформисти, политички активисти, новинари и демонстранти за време на протестите во Техеран.

Властите велат дека поголемиот дел од уапсените се пуштени на слобода.

Симпатизерите на опозицијата велат дека имало измами за време на гласањето на изборите на 12-ти јуни. Според официјалните резултати, победи актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

XS
SM
MD
LG