Официјалната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека полицискиот час ќе стапи на сила во девет часот по локално време, и ќе трае до осум часот изутрина.
Мерката уследи откако етничките муслимани Ујгурци и кинеската етничка група Хан, се соочија со полицијата, по дводневните насилни демонстрации во регионот во кои загинаа најмалку 156 лица.
Полицијата најпрво се справи со околу 200 лица кои го изразуваа своето незадоволство заради владините акции врз Ујгурците, кои рекоа дека по немирите во неделата, биле приведувани членови на нивните семејства.
Подоцна, полицијата употреби солзавец за да ги растера стотиците насобрани припадници на групата Хан, кои излегоа на улиците вооружени со импровизирано оружје, вклучувајќи палки, лопати и ножеви.