Линкови за пристапност

Лос Анџелес во подготовки да се збогува со Мајкл Џексон


Семејство најпрвин ќе одржи приватна церемонија на гробиштата во Холивуд, каде се погребани бројни славни личности. Дом на подоцнежната, јавна комеморација е спортската арена „Стејплс“ во центарот во Лос Анџелес. На лотаријата преку Интернет за добивање на речиси 9.000 бесплатни влезници за комеморацијата се пријавиле дури 1,6 милиони обожаватели. Оние кои не добија, ќе можат да ја проследат церемонијата однадвор, на големи платна, инаку пренесувана во живо на десетици ТВ-мрежи и Интернет, како и во 50 кино-сали ширум САД. Се очекува стотици илјади да се соберат пред „Стејплс“ за последна почит кон популарниот Мајкл. Обезбедувањето е во илјадници.

Цексон и по смртта го следат невообичаени приказни. Локалните власти велат дека напливот на обожаватели на комеморацијата би можел да донесе 4 милиони долари, што би помогнале во тешката економска ситуација во која се наоѓа Лос Анџелес.

XS
SM
MD
LG