Линкови за пристапност

Потребни една милијарда долари против свинскиот грип, тврди првиот човек на ОН


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун вели дека на земјите во развој би можело да им биде потребна и преку една милијарда долари до крајот на оваа година за борба против вирусот А-Х1-Н1 на свинскиот грип.

Ки-Мун во Женева во понеделникот кажа дека парите се потребни за вакцини за најсиромашните држави, како и дека собирањето на финансиски средства не се остварува според очекувањата на ОН. Генералниот секретар повика на глобална солидарност во борбата против свинскиот грип во светот.

Според Светската здравствена организација, во светот има преку 90.000 регистрирани случаи на грипот, а досега починале над 400 лица.

Во понеделникот, британски здравствени лица соопштија дека деветгодишно дете во Лондон починало откако заболело од свински грип. Властите велат дека тоа имало сериозни здравствени проблеми уште пред да се зарази. Засега, СЗО не го потврдила овој случај како жртва на грипот. Според СЗО, во Британија од смртоносниот вирус починале тројца, а има над 7.400 регистрирани случаи. Британската влада минатата недела предупреди дека земјата наскоро би можела да се соочи со преку 100.000 случаи дневно доколку се одржи сегашната стапка на заразеност.

XS
SM
MD
LG