Линкови за пристапност

Средба Милошоски - Нимиц во Скопје


Нимиц во вторник ќе одговори дали во Македонија дошол со нов предлог. По понеделничката попладневна средба со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, медијаторот во македонско- грчкиот спор за името кусо изјави дека имале многу добар и долг разговор со министерот, но оти изјавите ќе бидат во вторник. Нимиц најпрвин ќе сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски, по што е закажана прес-конференција. Неофицијално, се шпекулира дека во понеделник и вторник во Скопје, и во среда во Атина, Нимиц нема да даде нов предлог, туку само ќе го провери пулсот за евентуалниот тек на преговорите.

Досегашното искуство говори дека сите предлози се ставаат на маса на разговорите на Нимиц со преговарачите, а не при вакви средби со државните раководства.

На маса наводно останува предлогот од октомври минатата година, со кој се предвидува името Република Македонија да се користи за домашна употреба, а евентуалното ново име, Република Северна Македонија да се користи како меѓународно име. На останатите земји би им се препорачало да го користат новото име во билатерална комуникација. За националноста и јазикот се нуди двојно решение – македонска националност и македонски јазик, како и националност на Република Северна Македонија и официјален јазик на Република Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG