Линкови за пристапност

Обама и Медведев се согласија да ги намалат нуклеарните арсенали


Спогодбата што ја потпишаа американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитриј Медведев на средбата во Москва им наложува на преговарачите од двете земји да го финализираат договорот што ќе ја замени Спогодбата за намалување на стратешко оружје (СТАРТ), чија важност истекува во декември. Новиот договор предвидува намалување на боевите глави од 2.200 на 1.500 до 1.675, а на возилата за нивно лансирање од 1.600 на 500 до 1.100.

Обама коментираше дека тој и Медведев одново ги започнале американско-руските односи на првиот ден од московскиот самит.

Медведев кажа дека на средбата се разговарало за сите точки на дневен ред, меѓу што и заостанатите проблеми. Разговорот го опиша како корисен, отворен и искрен.

XS
SM
MD
LG