Линкови за пристапност

Загрижувачки размери на злоупотребата на лекови во САД


Нутриционистката на Џексон, Шерилин Ли наводно неколкупати го одбила кога побарал силен седатив и му рекла дека лекот „Диприван“ има опасни контраиндикации, како проблеми со централниот нервен систем, губење на помнењето, па дури и смрт.

„Му реков - не треба ова да го правиш, а тој одговори дека лекарот му кажал дека е безбедно и дека лекот делува брзо“, вели Ли.

Многумина познати личности, како актерот Хит Леџер и рокенрол-ѕвездата Елвис Присли, станаа жртви на седативи, стимулативни средства и лекови против болка.

Д-р Вилсон Комптон раководи со оддел во Националниот институт за злоупотреба на дрога. Вели, зависноста од лекови во САД е особено честа меѓу помладите. На пример, во случајот на 19-годишниот Џејсон Сурк. Превисока доза на лек што може да се добие на рецепта била кобна за ова обично момче.

„Бев во шок. Не знаев, ниту пак се сомневав дека злоутребува лекови“, вели неговата мајка Линда.

Д-р Комптон наведува дека проблемот е толку распространет меѓу Американците, што добил размери на епидемија.

„Лековите не ги земаат директно од лекар, туку најчесто од роднини или пријатели на кои им биле препишани“, коментира Комптон.

Д-р Џорџ Колоднер од Катедрата за медицина на Универзитетот Џорџтаун смета дека, сепак, лекарите треба да сносат одговорност:

„Проблемот е што не постои тест за компетентност на лекарите кои препишуваат такви лекови. Се` што треба да направат е да платат одредена давачка, и со тоа добиваат дозвола од Агенцијата за лекови за издавање на рецепти“, вели Колондер.

Стручњаците даваат едноставен совет – чувајте ги лековите на рецепта на сигурно, за да не дојде до нивна злоупотреба.

XS
SM
MD
LG