Линкови за пристапност

Иранскиот врховен водач го обвини Западот за мешање во иранските внатрешни работи


Иранскиот врховен водач, Ајатолахот Али Каменеи говореше тивко, но со зборовите упати тупаница, критикувајќи ги западните лидери за наводно мешање во внатрешните работи на Иран по спорните претседателски избори на 12-ти јуни.

„Иранската нација ги предупредува лидерите кои се обидуваат да искористат внатрешни несогласувања да бидат внимателни, бидејќи иранскиот народ ќе реагира на нивното мешање. Иако иранскиот народ е поделен, тој повторно ќе се обедини пред непријателите и ќе се спротистави со железна тупаница“, рече Каменеи во понеделникот.

Насобраните, кои беа во стотици, возвратија со слоган „долу САД, долу Британија, долу Израел“.

Каменеи кажа дека западните лидери очигледно биле вмешани во внатрешните работи на иранската нација; додаде дека тоа не е нивна работа и запраша зошто чинат така.

„Најпрво ќе се вмешаат, а потоа велат дека тоа не е точно. Зарем поттикнувањето на немир не е мешање?“, запраша иранскиот врховен водач.

Каменеи ги предупреди западните лидери дека Иран ќе ги преиспита нивните коментари и постапки при проценката на идните односи со нивните земји.

Мердад Консари, ирански аналитичар од Центарот за арапски и ирански студии со седиште во Лондон, смета дека предупредувањата на Ајатолахот, дадени воочи престојниот самит на Групата осум најразвиени земји, имаат за цел да испратат сигнал дека иранскатасоработка во иднина ќе зависи од однесувањето на Западот.

Остриот јазик на Каменеи доаѓа и во време на навидум продлабочена подвоеност во редовите на иранското вишо политичко и верско раководство околу легитимноста на спорните претседателски избори од 12-ти јуни. Виши свештени лица во местото Ком, седиштето на верското учење во Иран, во саботата ја оспорија легитимноста на изборите, нарекувајќи ги неважечки и поништени.

XS
SM
MD
LG