Линкови за пристапност

Американците го почнаа прославувањето на 4-ти jули


Многу Американци го почнуваат одморот по повод Денот на независноста со слободен ден за да уживаат во продолжениот викенд.

Банките и федералните служби се затворени, а многу бизниси работат со скратено работно време.

Вашингтон и Њујорк се меѓу градовите кои ќе имаат спектакуларни огномети за 4-ти јули. Но, многу помали градови се принудени да ја откажат или драстично да ја намалат прославата поради економската криза.

Празникот е одбележување на 4-ти јули од 1776-та, кога делагати од 13 американски колонии официјално објавија независност од Британија. Претседателот Барак Обама ќе го прослави празникот во Белата куќа со семејства на воени лица.

Јавната телевизија и службата на националните паркови ќе одржи бесплатен гала-концерт пред зградата на Конгресот.

Изведувачите, меѓу кои и Бери Манилоу и Арета Френклин, во петок ќе одржат генерална проба пред официјалниот настап, што привлекува голем број посетители како ран почеток на празничните случувања во градот.

На њујоршкиот Кони Ајланд планиран е натпреварот во брзо јадење хот-дог, што традиционално секоја година се одржува за 4-ти јули. Натпреварот се пренесува на национално ниво преку спортската тв-мрежа „И-Ес-Пи-Ен“.

XS
SM
MD
LG