Линкови за пристапност

Русија најавува руско-американски рамковен договор за контрола на оружјето


Сергеј Прикодко, клучен советник на рускиот претседател Димитри Медведев, изјави дека декларацијата ќе содржи важни инструкции за преговарачите од обете земји кои работат на новиот договор што ќе го замени Договорот за стратешко намалување на оружјето, СТАРТ, кој истекува во декември.

Рускиот претставник додаде дека неговата земја се надева дека согласност за новиот договор ќе биде постигната или кон крајот на 2009 или на почетокот на 2010 година.

Претседателот Обама со Медведев ќе се сретне во понеделник, а со премиерот Владимир Путин во вторник.

За време на вчерашното интервју за новинската агенција Асошиетед прес, Обама истакна дека на премиерот Путин ќе се обиде да му посочи дека пристапот за американско-руските односи од ерата на Студената војна, е застарен.

XS
SM
MD
LG