Линкови за пристапност

Збогување на јавноста со кралот на поп-музиката сепак ќе има


Ренди Филипс од „ AEG Live“ рече дека семејството Џексон се согласило за одржување на почесниот концерт на 7-ми јули, во 10 часот наутро по локално време, во арената на „Стејплс“ центарот во Лос Анџелес. Влезниците ќе има, но тие ќе бидат бесплатни.

„ AEG Live“ беше задолжена за продукција на серијата концерти на поп-ѕвездата Мајкл Џексон, што требаше да започнат месецов во Лондон.

Од другите вести во врска со ненадејната смрт на 50-годишниот Мајкл Џексон на 25 јуни, медиумите велат дека биолошката мајка на двете постари деца на Џексон, Деби Роув, навестила можно појавување на сцената. Наводно сеуште не донела конечна одлука, но размислувала за барање на старателство врз децата.

XS
SM
MD
LG