Локалните власти велат дека бомбата која била носена на мотор експлодирала кога лицето кое го возело моторот се доближило до владин автобус.
Равалпинди е заштитен град јужно од Исламабад.
Во меѓувреме, од експлозија на патна бомба во околината на Пешавар во северозападен Пакистан, загинаа двајца полицајци, а повредени се најмалку четворица други.
Експлозијата погодила патролно полициско возило. Талебанските милитанти и провладините сили водат борби за контрола на регионот.
Во соопштение на паравоениот Граничен корпус се вели дека доцна синоќа безбедносните сили усмртиле 28 милитанти во регионот Кајбер во близина на Авганистан.
Пакистанската армија веќе два месеца се справува со милинатите на Талебан во Долината Сват.