Линкови за пристапност

„Еф-Би-Ај“ објави разговори со Садам Хусеин од 2004-та


Според американските безбедносни податоци, поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин на американските федерални агенти во 2004-та година им кажал дека дозволил светот да верува дека тој поседува оружје за масовно уништување бидејќи не сакал да изгледа немоќно во однос на Иран.

Истражувачкиот институт – Архив на националната безбедност во средата ги објави сите освен едно од претходно доверливите 20 интервјуа и пет „неформални разговори“ со Хусеин направени по неговото апсење од страна на американските сили во 2003-та.

Во интервјуата поранешниот ирачки претседател предупредува на, како што ги нарекува, „фанатичните“ ирански лидери. Хусеин вели дека немал врски со Ал-Каида и го нарекува Осама бин Ладен - „фанатик“ Тој во еден момент дури вели дека требало да им дозволи на ОН да бидат сведоци на уништување на залихите на ирачкото оружје во 1991-ва година.

Американските сили подоцна го предадоа Хусеин во ирачка надлежност. Тој беше обесен во декември 2006-та година.

XS
SM
MD
LG