Линкови за пристапност

Невработеноста во Европа и САД се искачи на 9,5%


Невработеноста во Европа и САД се искачи на 9,5%. Ова е највисоко ниво во последните10 години за Европејците, а во последните 26 за Американците.

Според извештајот што во четвртокот го објави американскиот владин Оддел за труд, американската економија во јуни забележила нето губиток од 467.000 работни места, што ја зголемило стапката на невработеност за една десетина од процентот. Според податоците, во САД без работа се 15,7 милиони луѓе, а речиси една третина од нив се со таков статус веќе половина година и повеќе.

Претседателот Барак Обама во интервју за „Асошиетед прес“ подвлече дека неговата влада помогнала да се стабилизираат финансиските пазари, но дека се` уште е „длабоко загрижен“ за невработеноста.

Конгресменката Каролин Малони, која е на чело на Дводомниот економски комитет на Конгресот, изјави дека најлошото со невработеноста поминало, но дека пазарот на труд и натаму е слаб

XS
SM
MD
LG