Линкови за пристапност

Новата влада на Хондурас го отфрли ултиматумот на ОАД


Водачот на привремената влада на Хондурас вели дека неговата земја нема да потклекне на надворешниот притисок да го врати протераниот Мануел Зелаја на функцијата претседател.

Вршителот на функцијата претседател Роберто Мичелети го отфрли ултиматумот од Организацијата на американски држави (ОАД) - до сабота да го врати на власт претседателот Зелаја, или во спротивно Хондурас да биде исфрлен од регионална организација. Мичелети е убеден дека Хондурас нема долго да биде во изолација, како и дека останатите земји ќе увидат дека новата влада всушност го спасила Хондурас. Претставници на привремената влада го обвинуваат Зелаја за предавство и злоупотреба на функцијата, заканувајќи се дека ќе го уапсат доколку се врати во земјата.

Зелаја во средата беше во Панама, каде присуствуваше на инаугурацијата на претседателот Ричардо Мартинели. Тој вели дека има намера да се врати во Хиндурас во сабота.

Припадници на армијата го протераа Зелаја на 28-ми јуни, дента кога планираше да одржи референдум за уставни промени што би му дозволиле да се кандидира за втор претседателски мандат. Врховниот суд одлучи дека референдумот е незаконски.

XS
SM
MD
LG