Линкови за пристапност

Најмалку тројца загинати во бомбашки напад во Багдад


Најмалку три лица загинаа во бомбашки напади во и околу Багдад – првите инциденти на насилство откако американските сили се повлекоа од ирачките градови. Властите велат дека ирачка армиска патрола налетала на патна мина, при што загинал еден, а биле повредени најмалку седдумина ирачки војници.

Најмалку две лица загинале, а 15 биле повредени во експлозија на автомобил-бомба јужно од Багдад.

Полицијата во северниот град Киркук јави дека вооружени лица убиле офицер на ирачката армија во близина на неговиот дом.

Американските сили се повлекоа од поголемите ирачки градови во вторникот. Портпарол на ирачкото Министерство за одбрана Мухамед Ал-Аскари во четвртокот изјави дека првата фаза од повлекувањето на американските војници завршила мирно и без проблеми.

XS
SM
MD
LG