Линкови за пристапност

Рускиот претседател отворен за соработка со САД


Рускиот претседател Димитри Медведев пред средбата со американскиот претседател Барак Обама најави дека Русија е подготвена да ги подобри дипломатските односи со САД. Во видео-обраќање поставено на Интернет-страницата на Кремљ, Медведев вели дека Обама навидум е подготвен да „гради поефикасни“ односи, како и дека Русија е подготвена да го одигра својот дел.

Обама ќе патува во Москва наредната недела на разговори со Медведев за нуклеарно разоружување и обнова на Договорот за намалување на стратешкото оружје, што истекува во декември. Се очекува тие да разговараат и за транспорт на набавки за силите на НАТО во Авганистан преку Русија.

Ова ќе биде прва посета на Обама на Русија, но двајцата лидери веќе се сретнаа во Лондон, во април годинава. Тие неделава разговараа и по телефон за некои од прашањата.

XS
SM
MD
LG