Јужна Кореја тврди дека Северна Кореја извршила тестирање на два проектила од кус домет.
Портпарол на јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека два проектила од типот земја-брод биле лансирани во четвртокот, на 40 минути еден од друг, во близина на источниот крајбрежен град Вонсан. Јужнокорејски претставници велат дека трет проектил бил лансиран неколку часа подоцна.
Тестирањето уследи во време на зголемена напнатост на Корејскиот Полустров поради нуклеарното тестирање што Северна Кореја го изврши на 25 мај, како и серијата лансирања на проектили. Реагирајќи на тестирањето и лансирањата, Советот за безбедност на ОН минатиот месец воведе нови построги санкции против комунистичкиот режим во земјата.
Јужнокорејскиот весник „Јонганг илбо“ во четвртокот објави дека официјален Пјонгјанг најверојатно ќе лансира проектили од среден или кус домет од базите долж источното крајбрежје во наредните неколку дена.