Американски претставници велат дека Бајден на средбите со ирачкиот премиер Нури ал-Малики и претседателот Џалал Талабани ќе дискутира за важноста за постигнување на политичката стабилност во земјата.
Посетата на Џозеф Бајден се случува само два дена откако САД ги повлекоа своите трупи од ирачките градови. Белата куќа во вторникот го назначи Бајден за одговорен за надзор на ирачката политика.
Во меѓувреме, ирачкиот министер за одбрана, Мохамед ал-Аскари изјави дека Ирак планира да ја засили својата армија за да биде способна да се справи со безбедносните предизвици штом сите американски сили ќе заминат од Ирак до крајот на 2011-та година.
Ал-Аскари го пофали американското повлекување од поголемите ирачки градови во вторникот, велејќи дека целата операција се одвивала мирно и без проблеми.
Во најновите бомбашки напади во Ирак во околината на Багдад, загинаа најмалку три лица. Ова е прв вооружен инцидент од повлекувањето на американските војници, наваму.