Единствениот преживеан патник од авионот на „Јеменија ер“ што се урна во близина на Коморските Острови пристигна во Париз.
14-годишна Бахиа Макари ја пречека татко и`. Тој изјави на дека е среќен што ја гледа ќерка му, но ожалостен поради сопругата која е меѓу 152-та патника кои се` уште водат како исчезнати, но се претпоставува дека се мртви.
Француски официјални лица велат дека Бакари 12 часови се држела на остаток од авионот по што била спасена. Таа има скршеница на клучната коска и помали повреди, но е во добра здравствена состојба.
Бакари патувала со мајка и` од Франција ладе била во посета на семејството, кога патничкиот авион на компанијата на „Јеменија ер“ во вторникот се урна во Индискиот Океан.
Француски официјални лица ги истражуваат причините за несреќата, а француски и американски бродови трагаат по патниците и делови од авионот.