Линкови за пристапност

Русија ги затвара казината


Според законот за прв пат предложен во 2006-та, коцкањето се ограничува на четири региони во Русија. Тоа се регионот на Пацифичкото крајбрежје, во близина на границата со Кина и Северна Кореја, во руската балтичка енклава Калининград, во близина на Азовското Море во јужна Русија, како и регионот Алтаи во Сиберија. Но, во овие области речиси и да нема инфраструктура за постоење на казина, што значи дека ќе минат години пред коцкањето да продолжи во Русија.

Премирот Владимир Путин, кој повика на затварње на казината уште кога беше на претседателската функција, чекорот го нарече дел од владините напори за „чистење" на земјата.

Тој за руската новинска агенција „Итар-Тас" своевремено изјави дека коцкањето предизвикува зависност исто како алкохолот, а аналитичарите исто така рекоа дека коцкањето резултира со организиран криминал.


XS
SM
MD
LG