Линкови за пристапност

Со Ал Франкен, демократите добија 60-члено мнозинство во Сенатот


Комичарот и политички стручњак Ал Франкен е прогласен за победник во трката за сенатско место од Минесота, што на демократите ќе им овозможи мнозинство од 60 места во горниот дом на Конгресот.

Судија на Врховниот суд на Минесота пресуди во корист на Франкен по осуммесечна битка против републиканецот Норм Колман, кој го призна поразот, му честиташе на Франкен и најави дека нема натаму да бара правни начини за оспорување на исходот.

Победата на Франкен значи дека демократите во Сенатот, со помош на двајца независни кандидати кои вообичаено застануваат на нивна страна, ќе имаат доволно мнозинство да ги надгласаат републиканските обиди за блокирање или одложување на гласањето.

Франкен рече дека е воодушевен од победата и гори од желба да започне со работа. Американскиот претседател Барак Обама и водачот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид издадоа соопштенија во кои ја поздравија судската одлука.

XS
SM
MD
LG