Линкови за пристапност

Претседателските избори – нелегитимни, тврди иранскиот реформистички водач


Поразениот ирански претседателски кандидат и реформистички водач Мир Хусеин Мусави тврди дека повторниот избор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад е „нелегитимен“ и ги повика поддржувачите да продолжат да се борат за правата на луѓето.

Во изјавата објавена на неговата Интернет-страница во средата, Мусави повикува и на ослободување на притворените за време на протестите по изборите, бара слобода на печатот и изборни реформи. Тој повеќепати има изјавено дека изборите на 12-ти јуни биле лажирани.

Иранскиот државен Заштитнички совет ја предупреди опозицијата да прекине да протестира откако ова тело го потврди повторниот избор на Ахмадинеџад на функцијата.

Во средата, иранските власти го запреа издавањето на реформистички весник поврзан со друг претседателски кандидат, Мехди Каруби, откако и тој ја опиша владата како нелегитимна и се заложи дека ќе продолжи да ги оспорува изборните резултати.

Според иранскиот шеф на полицијата Исмаил Ахмади Могадам, во протестите по изборите биле убиени 20, а уапсени преку 1000 лица.

XS
SM
MD
LG