Линкови за пристапност

ОН: Повеќе деца во Северна Кореја ќе бидат гладни


Светската програма за храна на ОН тврди дека Севернокорејците, особено децата, се наоѓаат во критична состојба за храна заради тоа пресушиле меѓународните донации.

Торбен Дју, претставник на Програмата во Северна Кореја вели дека агенцијата првично се надевала дека ќе нахрани шест милиони гладни во земјата годинава, но најверојатно ќе успее само помалку од два милиони. Според Дју, агенцијата примила само 15 проценти од 500-те милиони долари потребни за помош во храна.

Новите органичувања што владата на Северна Кореја ги спроведува исто така ја отежнале хуманитарната работа. Дју кажа дека минатиот месец, на Светската програма за и` било дозволено да оперира само во 57 општини во земјата, за разлика од претходно, кога била активна во 131-на. Дју тврди и дека на локалното население му било забрането да работи со Програмата, со што персоналот на нејзината канцеларија во Пјонгјанг се намалил од 59 на 16.

XS
SM
MD
LG