Организацијата на американски држави (ОАД) се закани дека ќе го суспендира Хондурас доколку организаторите на воениот удар во земјата не го вратат на власт протераниот претседател Мануел Зелаја.
Генералниот секретар на ОАД Хозе Мануел Инсулза рече дека тие имаат три дена да ја предадат власта на Зелаја. ОАД го издаде ултиматумот по неколкучасовни разговори меѓу земјите-членки во седиштето на организацијата во Вашингтон.
Војници го протераа Зелаја од Хондурас во неделата, дента кога планираше да одржи референдум за реформа на уставот на земјата. Критичарите велат дека Зелаја сакал да го промени за да се кандидира за уште еден мандат. Тој го отфрла тврдењето.
Зелаја планира во наредните неколку дена да се врати во Хондурас придружуван од Инсулза, претседателите на Аргентина и на Еквадор, како и од првиот човек на Генералното собрание на ОН Мануел Д`еското Брокман.