Линкови за пристапност

Лоцирана „црната кутија“ на авионот што се урна близу Коморските Острови


Пронајдено местото во океанските води каде се наоѓа „црната кутија“ од јеменскиот авион што се урна во близина на Коморските Острови, соопштија властите. Француски и јеменски лица велат дека уште во среда би можело да започне нејзиното вадење.

Во авионот на „Јеменија ер“, што полетал од Париз, имало 153 лица. Тој се урна во вторникот наутро. Спасувачите велат дека има само едне преживеан - 14-годишната Бахиа Бакари која патувала со својата мајка од Франција во посета на семејството. Нејзиниот татко, кој по несреќата разговарал со неа по телефон, за француското радио изјави дека Бахиа преживеала со тоа што се држела за еден од остатоците на авионот се` додека не дошле спасувачите. Таа, наводно, слушнала гласови на сопатници по уривањето, што индицира дека и други можеби првично ја преживеале несреќата.

Франција мобилизираше армиски и цивилни спасувачки екипи во надеж дека ќе пронајде други преживеани. Во авионот од типот „Ербас“ 310 се наоѓале 66 Французи, а, според јеменски претставници, имало и државјани на Јемен, Коморските Острови, Канада, Етиопија, Индонезија, Мароко, палестинските територии и Филипините.

Причината за несреќата засега останува непозната. Портпаролот на јеменското цивилно воздухопловство Мухамед Абдел Рахман Абдел кадер соопшти дека дувале силни ветришта кога се случила несреќата, како и дека авионот се обидувал да слета за време на ноќта.

XS
SM
MD
LG