Во експлозија на автомобил-бомба на пазар во градот Киркук на север на Ирак загинаа најмалку 27 лица, токму дента кога ирачките сили и официјално презедоа обврска за безбедноста во Багдад и другите урбани области во земјата. Во експлозијата имало најмалку
45 повредени.
Регионот каде се наоѓа Киркук е богат со нафта и е во центарот на битката за превласт меѓу етнички и верски групи, како Курди, Арапи, Туркменистанци, муслимани и христијани.
Експлозијата го засени денот на прослави. Претходно во Багдад, ирачките војници и полицијата организираа долга парада. Премиерот Нури Ал-Малики кажа дека денот претставува „голема победа“.
Во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама го поздрави повлекувањето на американските борбени сили од урбаните средини како важен момент и чекор напред за Ирак.