Линкови за пристапност

Само во Америка: Храната - битен елемент за опстанок на врската со партнерот


Пари. Политика. Религија. Секс. Родителски техники. Лични навики, како немарност или пикантерија.

Несогласувањето по кој и да било од наведените прашања, може да претставува пречка во односите, а во САД постои уште еден фактор што ги затегнува врските меѓу партнерите. Тоа е храната, или кавгите за тоа колку и каква храна да се конзумира. Како што се наведува во еден напис на весникот „Њујорк тајмс", кулинарските кампови се толку поделени, што некои фракции сметаат дека е табу влегувањето во врска со некој што има друг начин на исхрана.

Некои луѓе стануваат толкави фанатици за вегетаријанска храна или свежо овошје и зеленчук, што постојано ги критикуваат своите партнери што уживаат во доброто парче месо или хамбургер. За возврат, оние кои јадат месо ги исмејуваат навиките на своите партнери - вегетаријанци.

Во некои случаи, едниот од партнерите сака да готви јадења со сложени рецепти, а другиот претпочита предвидливи оброци, како брза храна, или едноставни како пица, на примиер. Има ситуации кога едниот од партнерите се обидува да му наложи диета на другиот партнер, за да биде поздрав. Другата страна пружа отпор и не покажува намера да попушти по прашање за храна или пијалок што пружа задоволство, како сладолед или пиво.

Но, за оние чии односи се влошени поради несогласувања околу храна, има нешто заедничко. Кога ќе се разделат – посегнуваат по таканаречена храна-по-растурање-на- врската, што е категорија на храна на која се посветени многу интернет страници. Се разбира, сите од таа листа дебелат – од чоколадни тортички до пуканки со растопено сирење.

XS
SM
MD
LG