Линкови за пристапност

Во воздушен напад во Авганистан убиени најмалку 12 милитанти


Коалиционите сили на чело со САД соопштија дека во воздушни напади во Авганистан убиле најмалку 12 милитанти, наводно вмешани во префрлање на странски борци од Пакистан во Авганистан.

Во соопштението објавено во вторникот се наведува дека за време на нападите во текот на минатата ноќ биле погодени неколку бункери во источната провинција Кост. Целта на операцијата биле бунтовници поврзани со водачот на талебанските милитанти Сираџ Хакани, кој се товари за многу напади во Авганистан.

Се` уште не се знае точниот број на загинати милитанти.

На главниот граничен премин Торкам во источен Авганистан, пак, бомбаш-самоубиец камуфлиран во женска облека активирал експлозив при што загинале еден полицаец и едно едно дете, а биле повредени најмалку 10 лица, јавија властите.

XS
SM
MD
LG