Линкови за пристапност

Нов случај на свински грип отпорен на Тамифлу


Научниците пронајдоа случај на вирусот А-Х1-Н1, познат како свински грип, што е отпорен на еден од двата главни лека против него.

Дански официјални лица и Американскиот центар за контрола и превенција на болести во понеделникот соопштија дека дански државјанин се заразил со варијанта на грипот отпорна на тамифлу, но подоцна се опоравил. Според овие инстанци, новиот вид на вирусот навидум е изолиран случај. Па сепак, вирусите на грип често мутираат и други експерти наведуваат дека било само прашање на време кога вирусот ќе станел отпорен на лекот.

Претставници на швајцарската компанија „Рош“ што го произведува Тамифлу велат дека приближно половина процент на сите случаи на заболени се отпорни на него.

Во Шпанија е регистрирана првата жртва на свински грип, кога заболена бремена жена починала неколку часа откако нејзиното предвреме родено бебе било спасено со царски рез.

Според Светската здравствена организација, досега се регистрирани над 70 илјади случаи на заразени, а починале преку 300 лица.

XS
SM
MD
LG