Линкови за пристапност

Ирак понуди договори за нафтените полиња


Ирачката влада во вторникот понуди договори за управување на осум големи нафтени и гасни полиња, во обид да добие поголем нафтен приход што би го искористила за обнова на земјата.

Конзорциум во кој се наоѓаат „Бритиш петролеум“ и кинеската компанија „ЦНПЦ“ го прифати договорот да го зголеми производството на најголемото понудено поле Румаила на југот на Ирак. Групата во која се наоѓаше „Ексон мобил“ ги одби условите на договорот што на компаниите им нудеше такса од 2 долари по барел за производство над одредена минимална количина. Нафтените компании првично побараа барем двојно повеќе од тој износ. Групата на чело со „Бритиш Петролеум“ ја ревидираше својата понуда и на крај го доби договорот.

Некои од помалите полиња не привлекоа понуди. Во некои понуди, пак, се бараше многу повеќе од двата долари по барел што ги понуди владата во Багдад.

Ирачки претставници велат дека целта е да се зголеми обемот на производството на околу четири милиони барели дневно, што е речиси двојно повеќе од постојното.

Дел од пратениците го критикуваа објавувањето на тендер, со тоа само зголемувајќи ја неизвесноста за инвеститорите кои и онака беа загрижени за безбедноста.

Во Ирак се наоѓаат третите најголеми резерви на нафта во светот, а полињата што беа понудени на тендер според проценките имаат вкупен капацитет од 43 милијарди барели сурова нафта. Ова е прва поголема можност за странските нафтени компании да оперираат на ирачките полиња откако индустријата беше национализирана во 1972-ра.

XS
SM
MD
LG