Линкови за пристапност

Мајкл Џексон оставил тестамент


„Вол Стрит џурнал“ објави дека починатата поп-ѕвезда Мајкл Џексон оставил тестамент во 2002-ра со кој ја разделил својата голема недвижнина на својата мајка и трите деца.

Според написот, објавен во вторникот, адвокатот на Џексојн можеби уште во четврток ќе го поднесе тестаментот во судот во Лос Анџелес. Мајката на Џексон доби ограничена контрола врз дел од неговиот имот, како и привремено старателство врз неговите деца кои се на возраст меѓу 7 и 12 години.

Судбината на имотот навидум ќе биде тежок процес, затоа што Џексон оставил зад себе долг од 500 милиони долари. Па сепак, неговиот имот се проценува на многу повеќе од тоа.

Покрај неговиот вреден музички каталог, Џексон беше сопственик на музичките права на други музичари, вклучувајќи ги и Битлси, од заедничката соработка со корпорацијата Сони.

XS
SM
MD
LG