Линкови за пристапност

Британија ја замрзна активата на американски финансиер


Британските власти замрзнале 100 милиони долари актива поврзана со американскиот финансиер Ален Станфорд кој е обвинет за измама на инвеститори во висина од седум милијарди долари. Британската Канцеларија за сериозни измами тоа го сторила на барање на американскиот владин Оддел за правда.

Канцеларијата обелодени дека средствата наводно биле стекнати како резултат на инвестиционата измама на Станфорд.

Ален Станфорд беше уапсен во САД минатата недела за наводна измама во висина од седум милијрди долари, перење на пари и попречување на истрагата. Тој се изјасни дека е невин.

Ако биде прогласен за виновен, Станфорд може да добие казна затвор од 375 години.

XS
SM
MD
LG