Линкови за пристапност

СЗО: Во светот регистрирани 70.000 случаи на свински грип


Светската здравствена организација соопшти дека повеќе од 70.000 случаи на вирусот А-Х1Н1, познат како свински грип се регистрирани ширум светот. Потврдени се 300 жртви.

Објавените податоци доаѓаат во време кога Кенија го потврди првиот случај на свински грип на британски студент по медицина кој е во посета на земјата.

Кенискиот министер за здравство Бет Муго рече дека 20-годишникот патувал од Британија за Кенија минатата недела како дел од група студенти кои работат во западниот град Кисуму. Таа рече дека нема потреба од негово хоспитализирање и најверојатно се заразил од свински грип од неговата девојка во Британија.

Сите студенти се наоѓаат во карантин во хотел во Кисуму.
Муго рече дека очекува во Кенија да се појават повеќе случаи во иднина, затоа што земјата е главна транспортна врска со остатокот од континентот.
Кенија е седма африканска земја која има потврден случај на свински грип.

XS
SM
MD
LG