Линкови за пристапност

Косово влезе во ММФ и Светската банка


Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи потпиша договори кои обезбедија членство на нивната држава во Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Косовските лидери ги потпишаа документите во американскиот Стејт департмент, каде заменикот државен секретар Џејмс Стајнберг ги прими од името на САД, каде се наоѓа депото за документите од двете финансиски инситуции. Американски официјален претставник рече дека ваквиот развој на настаните ја покажува растечката интеграција на Косово во светската заедница. Тој рече дека САД му даваат на Косово 150 милиони долари како помош за справување со долговите.

Сејдиу рече дека неговата земја ќе ја задржи монетарната дисциплина и им се заблагодари на САД и на другите земји кои го поддржуваат Косово.
Премиерот Тачи се заложи за задржување на демократските институции. Тој рече дека членството во ММФ и Светската банка ќе го зајакне суверенитетот на Косово и перспективата за економски развој.

XS
SM
MD
LG