Линкови за пристапност

Ирак се подготвува за повлекувањето на американските трупи


Ирачаните се подготвуваат да го прослават, како што велат, „Националниот ден на сувереност“ – денот на повлекувањето на американските трупи од ирачките градови.

Собирите на кои се славеше заминувањето на војниците започнаа вечерва по локално ирачко време, а предвидено е американските трупи да ја предадат одговорноста за безбедноста на ирачките сили до вторник вечер.

Додека некои Ирачани се веселат на крајот на американското присуство во земјата, многумина се нервозни, заради промената во обезбедувањето, стравувајќи од интензивирање на милитантните напади.

И покрај неодамнешниот наплив на насилство, началникот на Американскиот здружен генералштаб, адмиралот Мајк Мулен, вчера изјави дека САД се убедени дека ирачките сили можат да се справат со безбедносните обврски.

Американскиот командант во Ирак, генералот Рејмонд Одиерно даде слична изјава за време на вчерашното интервју за телевизијата Фокс.

САД и Ирак постигнаа договор што бара повлекување на американските борбени сили од ирачките градови до 30-ти јуни, дозволувајќи им на американските воени советници и инструктори да останат во градовите.

Според договорот сите американски сили мора да ја напуштат земјата до крајот на 2011 година.

XS
SM
MD
LG