Линкови за пристапност

Медоф се соочува со висока затворска казна


Човекот кој призна дека е организатор на најголемата измама во американската историја, Бернард Медоф, во моментов е во суд и чека на пресуда колку време ќе мине во затвор.

Некои од илјадниците луѓе кои инвестирајќи со него загубија пари говорат пред судот пред изрекувањето на казната, што може да биде во висина од 150 години затвор.

Многу инвеститори велат дека се финансиски уништени, а некои добротворни организации поради загубите пропаднаа.
Медоф тврдеше дека им носи профит на инвеститорите, а всушност на старите инвеститори им плаќал со влогови од новите, додека проневерата не беше откриена во декември минатата година.

XS
SM
MD
LG