Линкови за пристапност

Соборениот претседател на Хондурас префрлен во Никарагва


Сменетиот претседател од Хондурас Мануел Зелаја пристигна во Никарагва по неговото соборување од власт од страна на армијата во неделата.
Зелаја бил приведен и го испратен во Костарика во неделата – денот кога требало да има референдум за промена на Уставот, што ќе му дозволеше да се кандидира за уште еден мандат.

Хондураските законодавци назначија вршител на должноста – претседател, откако сменетиот Зелаја рече дека неговото доаѓање на функцијата бил легален транзициски процес.

Роберто Мичелети, шеф на Конгресот на Хондурас, по неговата инаугурација рече дека отстранувањето на Зелаја од функцијата не е воен удар. Мичелати прогласи полициски час во ноќните часови на национално ниво до вторник.

XS
SM
MD
LG