Линкови за пристапност

Ѕвездите му оддаваат почит на Џексон


Поп-ѕвезди и музичари му оддадоа признание на американската поп икона Мајкл Џексон на годишното доделување на наградите на Black Entertainment Television во Лос Анџелес.

Присутните истакнаа дека се уште се во шок по веста за смртта на пејачот.
Во соопштение од претставник на семејството за време на шоуто, родителите на Џексон рекоа дека имаат целосно старателство врз трите деца на поп-ѕвездата.

Неговото семејство нареди и приватна, втора обдукција, со цел да се појасни причината за неговата ненадејна смрт во четвртокот во неговиот дом во Лос Анџелес. Засега не се објавени резултати.

Адвокатот на личниот лекар на Мејкл Џексон, Конрад Муреј, рече дека неговиот клиент го пронашол пејачот во несвесна состојба и веднаш се обидел да го поврати во живот.
Тој ги демантираше извештаите дека доктор Муреј на Џексон му дал лекови против болки, за кои медиумите јавија дека можеби се причина за неговата смрт.
Џексон почина два месеци пред неговиот 51-ви роденден, во време кога се подготвуваше за серија концерти во Лондон за негов кам-бек на музичката сцена.

XS
SM
MD
LG