Пакистанската армија вели дека сите главни области во регионот окупиран од милитантите се чисти.
Портпаролот на армијата, генерал-мајорот Атар Aбас изјави дека талебанската команда е разбиена, а центрите за обука и складиштата за муниција, уништени.
Сепак Абас не објави комплетна победа по речиси двомесечната кампања против борците на Талебан во областа, велејќи дека и натаму постојат мали области каде се пружа отпор.
„Навлегуваме во област каде според нас, владата комплетно ја има ги има загубено контролата и таму операциите се одвиваат бавно. Поради теренот, поради отпорот, поради недостатокот на поддршка и информации", појасни Абас.
Абас воедно ги замоли новинарите да се потсетат на тоа колку војници загинале и колку се повредени, велејќи дека тоа е знак на напредок.
Пакистанската влада предвидува и дека во рок од една недела, околу 2,5 милиони раселени лица во голем дел ќе можат да се вратат во своите домови. Владата вели и дека се грижи за својот народ, нагласувајќи дека веќе има дистрибуирано стотици милиони долари готовина на жителите кои биле приморани да ги напуштат домовите.
Но во информациите за напредокот, немаше извештај за апсење или убиство на кој и да е висок лидер на Талебан, како Суфи Мохамед, радикалниот свештеник кој преговараше за пропаднатиот договор за воведување на стогиот исламски закон во Долината Сват. Исто така, немаше информации ниту за апсење ниту за убиство на неговиот зет, Мулана Фазлула, чии следбеници водеа жестоки борби против армијата во регионот.
Во меѓувреме, армијата се насочува на цели во околниот Јужен Вазиристан во рамки на комплетната операција против талебанскиот лидер Батула Месуд и неговите сили.