Линкови за пристапност

Врховниот суд се изјасни против расно базирана промоција


Американскиот Врховен суд донесе одлука дека градот Њу Хејвен во Конетикат вршел дискриминација врз претежно бели пожарникари на кои им било оневозможено да напредуваат во кариерата.

Судот донесе одлука во понеделникот со пет спрема четири гласови дека градот ги отфрлил резултатите од испитот за промоција на пожарникарите со кои белците пожарникари се квалификувале, но не и пријавените од малцинствата.

Највисокиот суд ја поништи пресудата на Сотомајор, судијка сега номинирана за Врховниот суд која тогаш настапувала во улога на судија во апелационен суд.
Врховниот суд исто така одби да ја преразгледа пресудата по тужбата на семејствата на жртвите од терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва. Во тужбата се наведува дека Саудиска Арабија и четворица саудиски принцови ја финансирале Ал-Каида преку придонеси кои оделе преку добротворни организации.

Понискиот суд одлучи дека обвинетите се заштитени со суверен имунитет и оти странски држави генерално не може да бидат судени во американските судови.
Во друг случај, Врховниот суд соопшти дека уште еднаш ќе ги слушне аргументите за документарецот кој е критички спрема Хилари Клинтон, актуелен државен секретар.

Овој случај ќе одлучи дали филмот, кој беше објавен од конзервативна група за време на претседателската кампањата на Клинтон во 2008-ма, треба да биде регулиран како политичка реклама. Високиот суд ќе ги слушне аргументите за случајот на 9-ти септември.
Понеделник беше последниот ден на судот во сегашен состав.

XS
SM
MD
LG