Линкови за пристапност

Веб страница во избор на Гласот на Америка: Докази – како го знаеме тоа што го знаеме?


Креирана од „Експлораториум", научниот музеј во Сан Франциско, веб страницата Exploratorium.edu/evidence ја истражува улогата на физичките докази во науката и општеството. „Експлораториум" го претставува потеклото на човекот и еволуција, во вид на студија за начините на кои научниците ги користат доказите за да објаснат како функционира светот.

Според Мелиса Александар, директор за јавни програми во рамки на музејот, посетителите ќе можат да изберат еден од петте начини да почнат со собирање и анализа на доказите за одреден случај.

Набљудување на однесувањето, собирање докази, истрага на односите, наоѓање на сличности и разгледување на можностите. Ова се петте главни области на страницата, вели Александар.

На пример, со набљудување на однесувањето се поставуваат клучните научни прашања поврзани со потеклото на човекот и еволуцијата.

„Кое однесување не` одвојува од нашите најблиски живи предци, петте повисоки примати? Дали нашите претци користеле орудија? Дали имаат капацитет за алтруизам? Дали се повеќе или помалку интелегентни споредено со нас? Колку се слични или различни од нас?", се прашањата што како илустрација ги наведува Александар.

Мелиса Александар додава дека веб страницата нуди начин да се одговори на овие прашања преку колекција на он-лајн интерактивни елементи.

„Почнувајќи од черепи во тродимензионална верзија, до заби и гени. Постојат бројни елеменсти за најновите истражувачки техники кои токму сега излегуваат во јавност. Веб страницата ги поврзува сите различните науки, за да покаже како секоја од нив, иако се од различни дисциплини, се соединуваат за да ги постават и да одговорат на овие навистина фундаментални прашања за потеклото на човекот", вели Александар.

Мелиса Александар додава дека посебно се важни видео сегментите на оваа веб страница.

„Ова е изложба што ве води кон автентична локација за истражување, како Институтот за еволутивна антропологија во Лајпцих, Германија. Ве води и во Африка, каде научниците трагаат по податоци, а вие им гледате преку рамо како работат и можете да разгорате со нив за тоа ", вели Мелиса Александар.

„Ја дизајниравме страницата „Докази", на начин како што би се дизајнирала тв серија, се` со цел луѓето да се враќаат и да ги бараат деталите, за на крај да добијат целосна слика за одредена проблематика", вели Мелиса.

„Докази: Како го знаеме тоа што го знаеме?", во моментов е на англиски и на шпански јазик, но продуцентот Мелиса Александар вели се работи на проширување и на други јазици.

XS
SM
MD
LG