Линкови за пристапност

Адмиралот Мулен ја поздрави одлуката за базата во Киргистан


Адмиралот Мулен ја поздрави одлуката за базата во Киргистан
Адмиралот Мулен ја поздрави одлуката за базата во Киргистан

Виш американски воен офицер го поздрави напредокот кон преиначување на одлуката на киргистанската влада за ставање крај на користењето на клучната база која САД ја користат за снабдување на сојузничките мисии во Авганистан.

Шефот на здружените американски сили, адмиралот Мајкл Мулен, рече дека дискутирал и за други контроверзни теми за време на средбата во Москва со високи руски претставници.

Адмиралот Мулен ја поздрави одлуката на киргистанскиот Парламент за одобрување на нов договор за издавање на базата во Манас, со што е преиначена одлуката за заминување на американски војници, која беше објавена на почетокот од годината од киргистанскиот Парламент и Влада.

Извештаите пренесуваат дека киријата за базата ќе изнесува 60 милиони долари годишно, тројно повеќе од она што до сега се плаќало, а ќе имало ограничувања за користењето на базата. Сепак, адмиралот Мулен вели дека новиот договор ќе им овозможи на САД да продолжат со снабдување на сојузничките напори во Авганистан, мисија што се наоѓа во критична фаза:

„Договорот ќе го стори тоа што е неопходно. Ова е важна база. Има други опции, но оваа е единствена заради локацијата. Задоволен сум од напредокот што го постигнавме, зашто ќе ни овозможи да останеме каде што сме“, рече Мулен.

Адмиралот додаде дека за време на петочната средба рускиот колега, генералот Николај Макаров го поздрави развојот на настаните, исто како и претседателот Дмитри Медведев во четвртокот, иако Русија се противеше против користењето на киргистанската база од САД во минатото.

Адмиралот рече дека на разговорите двете страни изразиле несогласувања за некои прашања, вклучувајќи го и американскиот план за изградба на против-ракетен штит во Полска и во Чешка.

„Една од најтешките прашања беше против-ракетниот штит што остана нерешено. Уваживме дека тоа се решава на политичко ниво, особено во САД, каде го разгледуваме постојниот одбранбен систем и тоа нема да биде завршено до крајот на годината“,рече Мулен.

Адмиралот Мулен потврди дека на почетокот на следниот месец за време на самитот САД-Русија во Москва, заедно со генералот Макаров ќе потпишат договор за проширување на американско-руската воена соработка. Тоа ќе биде уште еден чекор во правец на нормализирање на американско-руските релации кои беа замрзнати по руската инвазија врз Грузија. Тој рече дека сите руски официјални лица со кои се сретнал изразиле интерес во тој правец.

Адмиралот Мулен рече дека руски официјални лица сакаат да соработуваат со САД во борбата против трговијата со дрога и глобалните терористички закани, кои се поврзани со напорите на обете страни за поразување на Талебанците и Ал-Каида во Авганистан и во Пакистан.

XS
SM
MD
LG