Американскиот претседател Барак Обама и германската
канцеларка Ангела Меркел се сретнаа во Белата куќа на дискусии по разни теми
вклучувајќи ја состојбата со Иран, климатските промени и глобалната економска
криза.
Обама на новинарите им рече дека САД не се таму каде што
треба да бидат во однос на климатските промени и ја пофали Европа што брзо се движи по ова прашање.
Тој рече дека САД се надеваат дa бидат предводници на меѓународните напори за забавување
на климатските промени заради
што мора да работат и со напредните и со
економиите во развој.
На разговорите со Меркел исто така станало збор и за
напорите за мир на Блискиот исток, како и за ослабување на Ал-Каида и нивните
сојунзици во Пакистан и во Авганистан.
За Гвантанамо, Обама рече дека зборувал со Меркел за
неговата желба за затварање на воениот затвор. Тој рече дека разбира оти Меркел
има обврска да се осигура дека во прв план ќе бидат германските национални
безбедносни интереси.